петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Николовска: Жалбата за казната во случајот „27 април“ е прифатена од страна на судот во Стразбур, очекувам да биде донесена правилна одлука

Николовска: Жалбата за казната во случајот „27 април“ е прифатена од страна на судот во Стразбур, очекувам да биде донесена правилна одлука

Атвокатот Ружица Николовска преку статус на Фејсбук пишува дека жалбата по повод казнувањето во предметот „27 април“ е прифатена од страна на Стразбур и истата ќе биде разгледана со што се надева дека ќе донесе правилна одлука.

-Во предметот познат во јавноста ,,27 април,, како еден од највисоко профилираните кривични предмети во македонското судство, ние адвокатите бевме казнувани при пружањето на нашата одбрана спрема клиентот.

На едно од одржаните рочишта, токму јас како бранител бев казнета од страна на претседателот на советот, судијата Добрила Кацарска, заради наводно ,,иронично,, обраќање кон судот, и ми беше изречена парична казна во висина од 500 евра.

По искористување на сите домашни правни средства за оспорување на таквата одлука, и се разбира ниту една од домашните одлуки не беше во моја корист, освен издвоеното мислење од еден од уставните судии, поднесов жалба до Европскиот суд за човекови права повикувајќи се на повреда на член 10 од Европската Конвенција односно повреда на слободата на изразување.

Мојата жалба е прифатена од страна на Судот во Стразбур и истата ќе биде разгледувана, за што искрено се надевам дека ќе биде донесена правилна одлука, посебно што Судот ја препознава важноста и сензитивноста на слободата на изразување!

Сакам да појаснам дека адвокатурата претставува уставна категорија и ние како адвокати сме должни да ги штитиме правата и интересите на секој наш клиент.

Па така, секое неосновано казнување и заплашување со казна спрема бранителот, претставува обид за замолчување. Имено, ограничувањето на слободата на мисла и јавното изразување на мислата мора да биде пропорционално на легитимната цел и пред се, неопходно во едно демократско општество, за да може таквото ограничување да се смета за допуштено.

Крајно, оваа правна битка не ја водам само за себе, туку за сите адвокати и за нашата заложба за почитување на законите и почитување на правата и слободите на секој еден поединец, вели таа во својот статус.

Во предметот познат во јавноста ,,27 април,, како еден од највисоко профилираните кривични предмети во македонското…

Posted by Ruzica Nikolovska on Tuesday, May 11, 2021

ЕУРО 2020

Македонија