четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 152
home Вести

Николовска: Во четири години владеење на СДСМ не е решен ниту еден случај на висока корупција

Николовска: Во четири години владеење на СДСМ не е решен ниту еден случај на висока корупција

Во денешното издание на емисијата “Патот кон“ , Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ говотреше за состојбата со правосудството во Република Македонија.

Според Николовска протестите кои се организираат од страна на ВМРО-ДПМНЕ се организираат токму поради тоа што правдата не стигнува до обичниот граѓанин, а како човек кој секојдневно е по ходниците на судовите и обвинителствата рече дека сликата таму е по различна од онаа што ја прикажува власта.

Сите ние а посебно опозицијата најмногу од се сака да постои ефикасна и ефективна правда и затоа се организираат и оние протести кои што беа организирани. Затоа што таква правда немаме во нашето општество, а најважно од се е што обичниот граѓанин не доаѓа до правда. Таква правда не е испорачана за обичниот граѓанин. Јас сум човек кој е секојдневно во ходниците во судовите и обвинителствата во Република Македонија и тоа што таму се случува, не секогаш и не секаде, меѓутоа не е испорачување на правда, зошто за сметрка на еден дел, судии и обвинители сакаат да бидат контролирани или дозволуваат да работат под нечии директиви, рече Николовска.

На ова реагираше пратеничката од СДСМ на која николовска и одговори со тоа дека во 4 години владеење на СДСМ не е решен ниту еден случај на висока корупција, а не се ни отворени предмети за аудио снимките на кои премиерот Зоран Заев зборува за „трас-трас“ одлуки.

„Четири години поминаа. Кажетеми во овие четири години кои случаи на висока корупција е разрешен е финализиран и е доведен до финална фаза? Имавте можност тоа да го покажете. Што се случува со случајот „Рекет“? Тој не е завршен онака како што треба, да не споменувам за се што се случуваше таму. Не се извештачени телефоните на господинот Зоран Заев и на Бојан Јовановски во делот на она што тој го кажуваше по однос на постоење на одредени докази. Тоа фрла сомнеж на целата ситуација. Што е со оние снимки од господинот Зоран Заев каде сите слушнавме за носење на трас-трас судски одлуки и како „без Заев не се може“, го цитирам делот од аудио „бомбите“ , праша Николовска.

Коронавирус