среда, 28. јули 2021. Вести денес: 144
home Вести

Николовска: На Академијата за судии и јавни обвинители се примени деца и снаи на лица блиски до СДСМ

Николовска: На Академијата за судии и јавни обвинители се примени деца и снаи на лица блиски до СДСМ

Адвокатката Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ како во улога на власт не е заинтересирана за прочистување на судството, туку напротив на Академијата за судии и јавни обвинители како почетни слушатели се примени, воглавно, лица кои се деца или снаи на лица кои се блиски до СДСМ.

Таа во дебата на „360 степени“ која се емитува на Алсат телевизија ги објави со име и прециме лицата кои се примени за целата ситуација да им ја престави на јавноста, со цел СДСМ да не шири информации колку е таа за прочистување на судтвото.

На списокот, за тоа кој е примен на Академија, а кој што во емисија го презентираше Николовска, се наоѓаат снаа на Цветанка Ивановска од СДСМ, синот на Елизабета Јосифовска која е обвинителка од СЈО, како и синови и ќерки на судии и обвинители како и на претседатели на Судски совети.

-Сакам пред јавноста и граѓаните да им укажам колку е власта, која е предводена од СДСМ, е за прочистување во судството. Најновата информација, објавена ранг листа на слушатели на почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Драган Јосифовски, син на Елизабета Јосифовска, обвинителка во Специјалното јавно обвинителство. Билјана Смаќоска, ќерка на Гордана Смаќоска од Обвинителството за организиран криминал. Потоа Иван Колевски кој е син на Ацо Колевски, претседател на Совет на јавни обвинители. Кирил Георгиев, син на Наќе Георгиев, судија на Врховниот суд. Потоа имаме Зоран Здравев, син на Киро Здравев кој е претседател на Судскиот совет, па еве конкретно колку што знам јас за овој човек тој работеше во АД. Европа, за бомбони и слатки. Дали одработувал некому нешто па сега му се оддолжуваат!? Бојана Тојиќ, снаа за син на судијка од Тетово, тука има и снаа на Цветанка Иванова од СДСМ, истакна Николоска.

Коронавирус