вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 67
home Вести

Николовска: Контрадикторно е да потенцирате дека Јавното обвинителство е самостоен орган, кога обвинителот го бира Собранието по предлог на Влада

Николовска: Контрадикторно е да потенцирате дека Јавното обвинителство е самостоен орган, кога обвинителот го бира Собранието по предлог на Влада

Адвокатката Ружица Николовска се обрати на денешната Комисиска расправа по однос на законот за јавно обвинителство.

Таа оценува дека со законот не се постигнуваат европски вредности.

-Не го разбирам потенцирањето дека Јавното обвинителство е самостоен државен орган кој не е дел извршната власт. Ова се коси со натамошниот текст на законот, од проста причина што понатаму во одредбите пишува дека јавниот обвинител го бира Собранието, по предлог на Владата.  Самата обвинителска функција е дефинирана со Уставот на Република Македонија, рече адвокатката.

Таа говореше за членот 29 од законот кој носи наслов: „Превземање на кривично гонење“.

-Насловот како таков не соодејствува со тоа што стои во ставот 1. Ставот 1 од овој член зборува за судир на надлежности. Судирот на надлежности претставува друго прашање кое се решава со законот за кривична постапка. Во член 29, став 3 вели дека Јавниот обвинител на Република Македонија без согласност на Јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, не може да превземе кривично гонење. Дали со закон сакаме да му дадеме повластена положба на јавниот обвинител на обвинителството за организиран криминал и корупција и да го ставиме во една таква ситуација да тој самиот одлучува што сака да прави, истакна Николовска.