понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Вести

Николовска: Јовески одмолче се’ за можна партиска номинација за Уставен Суд?

Николовска: Јовески одмолче се’ за можна партиска номинација за Уставен Суд?

Една од главните причини за тонењето на Македонија во криминал и корупција, за што алармираат сите релевантни фактори, е фактичкото не функционирање на ЈО водено од Љубомир Јовески, ова денеска преку прес-конференција го истакна Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јовески е де факто еден од главните виновници за растот на криминогеноста. Наместо столб во демократијата што ја штити и претставува еднаквоста пред законите, Јовески го претвори ЈО во владина подружница коешто печати обвиненија по желба и нарачка на Илинденска број 2. За жал продолжува праксата на Зоран Заев и СДСМ, Уставниот суд да преставува уште едно Јавно претпријатие со можност за партизација, односно место за париско наградување и унапредување на свои послушници. Уште едно место за наградување за оние коишто ја виткаат кичмата пред власта, Зоран Заев и СДСМ, оние коишто ја втурнаа Македонија во растечки криминал и корупција. Љубомир Јовески, човекот со амбиција, а можеби и со од Заев ветено унапредување во Уставниот суд, ќе остане запаметен како човек што не отвори уста за ниеден случај, за ниеден скандал за којшто имаше индиции за висока корупција, корупција со вмешаност на министри, функционери, премиер! Јовески, немиот сведок на сопственото прислушување во ЈО, ќе остане запаметен како Републички Jавен обвинител којшто ја подвитка кичмата пред Катица Јанева и пред Зоран Заев којшто се прогласи за главен реформатор во правосудството, вели Николовска.

Таа додава дека Љубомир Јовески не отвори и не реши ниту еден предмет поттикнат од јавноста или од опозицијата, Јовески не отвори ниеден предмет од висок јавен интерес, Јовески премолчи предмет за изборно мито, документиран со видео изјава, Јовески премолчи преквалификација на случај на Поткуп, го премолчи Рекет, го премолчи скандалозниот криминоген а документиран случај ШИК Јелак, каде има јасни недвосмислени индиции коишто водат до врвот на коруптивната и криминалната пирамида.

-Но, Јовески премолчи се’ што сега според него треба да оди на контото на партиска номинација за место во Уставниот суд! Јовески не презема дејства за кои што е задолжен и за коишто дал заклетва. Јавен обвинител којшто свесно и намерно непостапува, прави тешки злоупотреби на службената положба и овластување. ЈО е ОБВРЗАН САМ да почне да дејствува, дотолку повеќе ако се работи за криминогени дејствија за НАСТАНИ ОД ВОНРЕДНО ЈАВНО ЗНАЧЕЊЕ, како што се избори, изборни поткупи, корупција и криминал на високи државни функционери. ЈO е ДОЛЖЕН да презема предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на неговата функција ЈО. Со нестручно и несовесно работење повеќепати e направена свесна злоупотреба на службената должност. Јовески со сето тоа и со сиот багаж за низа скандали и документирани предмети, наместо да цели кон Уставниот суд, до сега требаше да биде цел на Советот на Јавни обвинители. Македонија нема да напредува се додека има неми Јавни обвинители коишто својот мандат го трошат на допаѓање на криминоген премиер, коишто чекаат диктирани обвиненија и дозвола за покренување на дејствија, за да може во замена да добијат место во Уставниот суд. Јовески како и можната негова кандидатура за Уставниот суд е еклатантен пример како една држава како Македонија тоне на сите меѓународни мерења, потенцира Николовска.

Локални избори 2021