вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Во епидемијата одлучуваат експерти, само кај нас политичари

Николов: Во епидемијата одлучуваат експерти, само кај нас политичари

Имаме ваква ситуација со короната бидејќи имаме проблем во менаџмент на ситуацијата. Има Комисија за зарзани болести која дава мислење, а одлучува политиката, одлучува владата. Во ваква ситуација треба да одлучуваат експертите, рече доктор Игор Николов на гостувањето на телевизија Сонце.

-Препораките и одлуките на било каква експертска комисија мора да бидат крајни, а не вака како кај нас. Не знаеме што предлозжила Комисијата за заразни болести, Владата вика прифатено е што кажува Комисијата, вели Николов укажувајќи дека е многу важно да се знае што точно предложила Комисијата, а што прифатила Владата.

Според доктор Николов симптоматично е што го нема доволно експертите во јавноста.

-Каде се експертите, слушаме неколку само, каде се здруженијата од различни областа од медицината, треба секој да се бори за протоколи, треба протоколи за секоја област. Ние како да имаме интелектуален мрак кога експертите и здруженијата ги нема никаде. На пример, во регионот земјите имаат по седум – осум протоколи кои постојано се надоградуваат, а кај нас едвај еден. Ова треба некој да го иницира за да се стави на хартија, а потоа истото да се контролира дали се спроведува, затоа што ако не се спроведува треба некој да одговара, смета Николов.

Коронавирус