вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 11
home Вести

Николов: Во државата се вратија многу наши иселеници кои не ги регистриравме како потенцијални носители на коронавирус

Николов: Во државата се вратија многу наши иселеници кои не ги регистриравме како потенцијални носители на коронавирус

Потребно е доследно почитување на препораките од Светската здравствена оргнизација која е „Тестирај, тестирај, тестирај“. Што повеќе се тестирани, тоа подобро. Тоа е начин да видиме каква е сликата во Македонија, рече доктор Игор Николов на гостувањето на телевизија Канал 5.

-Зошто тестирај, тестирај, тестирај? Со тоа ќе добиеме слика против што се бориме. Ние со малку тестирања велевме добри сме, а во меѓувреме се случуваше кризата во Италија. Во државава се врати дијаспората од Италија. Според мои податоци станува збор за околу 28 или 30 илјади луѓе кои се вратија, но тука не ги запишуваа, а мораше да има епидемиолошки скрининг. Ние сме во ситуација каде волкот е влезен во трло со јагниња. Ние поинаку се однесуваме од Кинезите. Тие кога доаѓаа и се шетаа како туристи и кога нема вакви вируси во Европа, ние им се смеевме, рече Николов.

Тој посочи дека во оваа вонредна состојба мора да има и казни.

-Во Виена, на пример, ако немате продукти за зашитиа во одредена вредност, а се шетате ве опоменуваат, а потоа и казнуваат. Ова го говорам зошто луѓето овде забележувам се шетаат, се движат, рече Николов.

Според него, за менталитет како нашиот многу е важно да има телефон за пријавувања.

-Добро тој функционира сега. Но, требаше порано за да се спречи ширњето и внатрешно во земјава, рече Николов.

Коронавирус