петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 61
home Вести

Николов: Власта го намалува бројот на тестови со цел манипулации и дневно политички пресметки, без тестирање не ја знаеме вистинската епидемиолошка состојба

Николов: Власта го намалува бројот на тестови со цел манипулации и дневно политички пресметки, без тестирање не ја знаеме вистинската епидемиолошка состојба

Дојдени сме во таа фаза на епидемијата со корона, да секојдневно се соочуваме со човечки трагедии. Борбата со вирусот ниту е предвидлива, ниту е лесна, а бара систематски и организиран пристап. За да знаеме точно со што се соочуваме и каков и колкав ни е противникот, потребно е да имаме што повеќе тестирани граѓани. Особено потребно е да се тестираат ризичните групи, а тука спаѓаат и лекарите и здравствените работници, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

Тој посочи дека дДеновиве, сведоци сме дека власта го намалува бројот на тестови и тестирани граѓани, а со самото тоа го намалува и бројот на ново дијагностицирани пациенти.

-Постојат болници во кои поголем број од персоналот е позитивен на корона, но и покрај тоа не се тестира целокупниот персонал на лекари и здравствени работници. Која е целта? Како тогаш ќе застанеме и ќе ја знаеме вистинската епидемиолошка состојба? Како ќе можат да се предлагаат мерки и постапки за борба со епидемијата, мерки кои ќе дадат резултат? Се поставува прашањето дали тие болници се извор на зараза? Дали персоналот е извор на зараза или можеби закана за граѓаните? И додека сите соседни земји, го зголемуваат бројот на дневно реализирани тестови, кај нас власта никако да сфати дека тестирањето не смее да се користи за манипулација и дневно политички пресметки. Тестирањето е од јавен интерес. Апелираме и бараме уште еднаш, тестирањето за корона да биде на увид на стручно тело, потребен е сериозен пристап, потребно е професионално да се вклучат сите надлежни институции, потребно е да се престане да се манипулира на граѓаните, нагласува Николов.

Потребно е Венко Филипче да престане да манипулира и да почне да работи.

ЕУРО 2020

Македонија