понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 13
home Вести

Николов: Тајмингот на објавување на бројот на позитивни е под директно политичко влијание

Николов: Тајмингот на објавување на бројот на позитивни е под директно политичко влијание

Со објавување на бројката на новоинфицирани се прават обиди или ако можам грубо оваа бројка се штелува на некој начин, односно тајмингот на објавување на бројот на позитивни е под директно политичко влијание. Зголемувањето на бројките кажува дека имаме многу заболени, потоа има и голем број на починати. Треба да се гледа и бројката на хоспитализирани. Ако вака продолжи не може да се кажи дека ситуацијата е под контрола, рече доктор Игор Николов, член на Извршниот комиет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа

-Требаше со поголемо тестирање да се детектираат кластерите. А тоа не се случи. Понекогаш и Комисијата за зарни болести ќе предложи нешто тоа не е конечно. Значи тие и да предложат мерка крајната одлука ја има Владата, рече Николов.

Според него бројката која се објавува оди дозирано за да не настане шок кај граѓаните.

-Заболувањата се и од тоа што додека имаше полициски час некој делеше пакети, тераше кампања, рече Николов.

Коронавирус