среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 3
home Вести

Николов: Стотици илјади пациенти може да добијат неточни анализи поради транспортирањето на крвта во други градови

Николов: Стотици илјади пациенти може да добијат неточни анализи поради транспортирањето на крвта во други градови

Во гостувањето на емисијата “Блиц“ членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов зборуваше за големиот тендер кој планира да го спроведе Министерството за здравство.

Според него станува збор за една процедура во која ќе бидат набавени одреден вид на апарати кои што ќе бидат исклучително во 8 центри во државата и на тој начин се најавува заштеда. Тој притоа се прашува дали покрај таа најавена заштеда во пари се јавува и некаква заштеда по здравјето на пациентите.

-Чудното е тоа што Прилеп како град со 110 илјади жители ќе треба да испраќа крв на секојдневна база во Битола. Велес ќе испраќа исто така во Битола. Во Источна Македонија предвидени се лаборатории во Штип, Струмица и Куманово. Тука се поставува прашањето како и кој може тоа да го спроведе и се поставува прашањето дали анализите кои ќе се добијат ќе бидат веродојстојни и на лекарите ќе им се даде точна дијагноза на пациентите. Ова ќе ги натера поголем број на пациентите да отидат во приватните лаборатории каде ќе добијат побрза и поточна дијагноза, рече Николов.

Според него за да може да се конкурира на тендерот не се бара да се покаже да се има некакво искуство со таа работа или пак да покаже со какви возила располага и дали се располага со средства за да може крвта да се обработува.

– Ова по мене е навистина скандалозна постапка и се највува штедење кое ќе падне на грбот на граѓаните. Овој тендер е неделив и практично сите ставки се заедно. Оној што конкурира , конкурира за се она што се бара и на тој  начин се намалува конкуренцијата и евентувално да добиеме светски бренд со кој би се пријавил и најверојатно идејата да довие некоја локална или бизнис групација која е блиска до власта вели Николов.

 Николов рече дека во оваа набавка одговорност од страна на министерството за здравство нема да има и дека целиот товар ќе падне на директорите на здравствените институции.

-Уште една небулоза која може да се види од документацијата е дека нон сенс е да министерството да ја врши набавката на апаратите а одговорноста да ја сносат директорите на здравствените институции. Ќе бидеме сведоци на еден бран на оставки. Несогласување на директорите и мислам дека сега е времето дојдено министерстовто за здравство да се откаже од оваа процедура. Никој нема да има бенефит од оваа постапка. Со ова не се прави инвестиција во здравствените установи, рече Николов.

Од целата оваа работа според Николов се доаѓа во состојба апаратите и ова што ќе до добијат институциите ќе биде на штета на здравствените корисници. Постарите апарати што ги поседуваат здравствените институции, Николов вели дека ќе бидат бескорисни и дека здравствените институции ќе бидат приморани да ги фрлат. Тој исто така потенцираше дека ова претставува најголема јавна набавка од 35 милиони евра и како споредба го даде примерот на претходната влада која била критикувана дека распишала тендер од 7 милиони евра. Тој е убеден дека ова претставува еден од најголемите скандали.

Коронавирус