вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Николов со докази го демантира Филипче: Еве податоци кои покажуваат дека поголема смртност од нас во регионот има само Романија

Николов со докази го демантира Филипче: Еве податоци кои покажуваат дека поголема смртност од нас во регионот има само Романија

Доктор Игор Николов со факти го демантира министерот за здравство, Венко Филипче.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Број на починати од Ковид на 1 милион жители. Во стилот на старите добри сталинистички времиња, се јави Венко Филипче со триковите и финтите на Зоран Заев да ја корегира опозицијата, но и да прати абер до оние новинари што малку повеќе анализираат. По примерот, на Заев кој пред некое време објави табели за платите на докторите и сестрите, но со ситни букви дека станува збор за бруто плата, така и Венко ги заменува статистичките термини смртност и број на починати на 1 милион жители.

Користејќи различни термини, исто како што правеше на почетокот на епидемијата, кога опозицијата апелираше да се подготвиме за ударот и да се превземат мерки, Венко Филипче објаснува дека се злоупотребува терминот смртност за политички цели, а всушност во јавноста се зборуваше за број на починати од Ковид на 1 милион жители. Смртноста ни била добра од Ковид, иако тој и Министерството, не обезбедија респиратори. Не обезбедија тестови чии резултати ќе ги имаме брзо и ќе се носат одлуки брзо за секој пациент дали е Ковид + или не, па сега ќе се фали дека тестирал пост мортем. Се во име на транспарентноста и маркетингот зачинет со ПР трикови.

Еве неколку линкови и табели со анализа кои зборуваат за број на заразени и починати на милион жители каде што Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија. Ова нема што да не зачудува. Во системот не се промени ништо, лекарите и здравствените работници беа тие кои се судрија со вирусот,а кои беа оставени без опрема на почетокот и со цело срце и душа влегоа во битка со Ковид-19, додека нивниот ПР Министер држеше пресови 2 пати на ден. Се е транспарентно како што вели и велеше Венко и тоа два пати на ден на прес конференција.

Доколку беше транспарентно, јавноста ќе имаше увид на кој начин ја составил Комисијата за заразни болести, зошто го сменил пред 1 месец претседателот на Комисијата на заразни болести, ќе имаше увид во тестовите, времето и бројот на на нивното соопштување, ќе имаше увид колку години се стари респираторите кои се користат на Инфективна клиника, дали функционира собата со негативен притисок, колку квадратни метри простор има по пациент на интензивна нега, каква дијализа има ацетатна или бикарбонатна, колку денови во просек биле на респиратор починатите, зошто сеуште немаме неинвазивни вентилатори така наречени „кациги„ CPAP кои што ги гледаме на клиповите од италијанските болници. Тоа е транспарентност, се друго е ПР Маркетинг на кој министерот не одолеа да му се спротивстави, па виновни му се новинарите и опозицијата.

Класичен Сталинизам….