недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Николов: Се надеваме дека СДСМ ќе продолжи да ги слуша нашите препораки во врска со коронавирусот

Николов: Се надеваме дека СДСМ ќе продолжи да ги слуша нашите препораки во врска со коронавирусот

Игор Николов, Член на извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на МРТ зборуваше за Корона вирусот и за тоа кој е неговиот став во врска со ова. Тој во врска со вирусот го посoчи следново:

-За жал најверојатно епидемијата на корона нема да ја заобиколи Македонија и за жал сме сведоци дека имаме во моментот 9 случаи кои што се со Ковид 19 кои што се третираат на инфективната клиника. За жал можно е да имаме повеќе случаи кои би биле со вирусот и тоа не води со мисла дека е потребна една активна борба за здравјето на пациентите заради тоа што во овој момент е многу важно да епидемијата не се прошири заради тоа што тој доколку се прошири ги оптеретува здравствени системи, a здравствените системи имаат кратко време за одговор и доколку се со лимитирани ресурси можно е да тој одговор не е задоволителен.

Николов во своето гостување беше прашан и дали соработуваат со власт при што го потенцираше следново:

-Знаете дека денеска имаше една лидерска средба и ова се практично првите директни контакти и иако претходно баравме мерки за кои што власта не послуша. Ние први побаравме распустот да се прогласи за деца, први побаравме претходно пред два месеци да се започнат контрола на границите што не се спроведе. Денеска имаше одлука да се формираше Кризен штаб кој што беше повторно на наше барање и таму би требало да има еден претставник од опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека како што изминатиов период власта почна да не слуша дека ќе продолжи со тоа. Нашата идеја, нашата желба и намера е да се грижиме за здравјето на населението бидејќи тоа ние е примарна работа и исто така здравствена комисија на ВМРО-ДПМНЕ располага со кадри кои што ги ставивме на располагање на Власта да им дадеме совети, предлози, барања.

Коронавирус