среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Потребно е системско и планско тестирање, за да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата

Николов: Потребно е системско и планско тестирање, за  да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата

Филипче вели намалување на бројот на нови носители на корона вирус, но статистиката вели и зголемување на бројот на заболени. За два дена во Србија беа направени над 10 илјади тестови за корона, во Македонија тој број за два дена е само 400, истакна на денешната прес-конференција Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели колку за илустрација вчерашната статистика говори дека се направени 332 тестирања, а бројката на заболени е 33. Тоа е 10 проценти од вкупната бројка на тестирани. Хрватска, Словенија речиси и не бележат нови случаи на дневна основа.

-Она што исто така загрижува е и бројката на новозаболени здравствени лица, поточно медицински персонал. Многу е јасно како може да се стави ситуацијата под контрола, процесот за тоа е јасен – потребно е да се зголеми бројот на тестирања! Само така ќе знаеме како понатаму. Само така ќе знаеме како понатаму. Сите соседни земји го зголемуваат бројот на дневно направени тестови, ги тестираат ризичните групи. Внимавајте, кај нас ова е само во фаза на најава?! Како без ова мислат да прават стратегија за тоа како понатаму!?, прашува Николов.

Според него, без системски пристап, без вистинско и планско тестирање, нема да може да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата.

-Без ваков пристап тешко е да се направи соодветна стратегија за тоа како понатаму. Без ваков пристап нема ни соодветна здравствена политика. Потребен е итен и темелен скрининг. Едноставно, ситуацијата кај нас не е под контрола. И е најмалку розева. Здравствените лица не треба да и служат на политиката, и не треба да ја разубавуваат грдата реалност поради политички интереси. Здравствените лица треба да служат на здравјето на граѓаните. Токму затоа потребно е да се зголеми бројот на тестови кои се изведуваат дневна основа. Само така ќе знаеме како понатаму, нагласува Николов.

Коронавирус