среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 93
home Вести

Николов: Потребен е Бел план за подготовка на здравствениот систем, не треба поради неспособноста на власта пак граѓаните да страдаат

Николов: Потребен е Бел план за подготовка на здравствениот систем, не треба поради неспособноста на власта пак граѓаните да страдаат

Нас ни се потребни мерки сериозни за подготовка на системот за евентуален бран. И за здравствениот систем и епидемиолошкиот систем како дел од здравствениот систем. Во тој правец ние изработивме еден предлог на мерки кои што треба да ги преземе здравствениот систем. Еве би ги поставил отворените прашања, нас ни треба подготовка повторно на сериозен Бел план во кој што ќе знаеме болниците доколку има бран кој ќе биде, кај ќе биде, и како ќе биде. Ни треба одговор на прашањето дали ни треба КОВИД посветени болници или повторно ќе ни се случи како во третиот бран кога целиот здравствен систем беше КОВИД. Ни треба план за секундарните дијагнози, оние дијагнози кои што не се КОВИД доколку повторно ни се случи бран каде ќе се лекуваат. Ни треба план за терапијата, што ќе правиме со терапијата, пациентите знаете дека сами беа обврзани да купуваат и да даваат басносновни суми за витаминска терапија и за терапија која што ја немаше и за пристапност на лабораториските и рентгенските следувања“, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „24 анализа“.

Николов додаде дека тука е и за реинбусирање на лекови и медикаменти, пациентот беше приморан од болничка постела да стане и да оди до Фондот за да се изврши реинбусирање на пари кои што ги дал за лекарствата.

„За сето тоа нас ни е потребен план. Нас не смее да ни се повтори 12.000 евра да се плаќа однапред за да некој биде хоспитализиран за КОВИД. Не смее да ни се повторат многу работи кои што ги имавме во вториот и во третиот бран“, рече Николов.

Николов посочи дека здравствениот систем во Македонија при справување со КОВИД-19 имаше многу недостатоци и тие треба да се поправат за да наесен не ни се случи истото.

Локални избори 2021