понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 32
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Николов: Пациентите нема да имаат бенефит од централизираните лаборатории, ако не се организира овој процес ќе се фрла крвта на пациентите

Николов: Пациентите нема да имаат бенефит од централизираните лаборатории, ако не се организира овој процес ќе се фрла крвта на пациентите

Во гостувањето на “24 Анализа“ членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, др. Игор Николов зборуваше за централизираните лаборатории дека со таквата одлука пациентите нема да добијат подобри здравствени услуги и дека овој проект според него треба да се направи да биде прво како пилот проект за да се види какви ќе бидат ефектите и дали ќе се заштеди. 

– Со ова пациентите нема да добијат подобра здравствена услуга. Што ќе правиме со градовите како што се Прилеп, Гостивар каде што на пример ќе ги праќаат примероците во другите градови. Треба да биде пилот проект, да се направи анализа дали тоа ние ќе заштедиме со оваа мерка. Ако не се организира овој процес како што треба ќе се фрла крвта на пациентите и после треба да му се објасни на пациентот зошто е тоа така направено, рече Николов. 

Во врска со немањето министер повеќе од 4 месеци според Николов според тоа се гледа сериозноста на премиерот за здравствениот систем. Тој исто така искажа сомнеж дека овој тендер е неделив за разлика од претходниот што сугерира дека однапред се знае кој ќе го добие.

Во врска со давањето на ПЕТ центарот и Брзата помош на приватен оператор, Николов рече дека ако тоа се случи се граничи со трагедија. Тој посочи дека не постои во ниедна земја во Европа каде брзата помош е приватна.

Во емисијата гостуваше и Арбен Таравари, поранешен министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар. 

– Огранизацијата на самите лаборатории ќе биде тешка ама и со праќањето  на крвта до самите лаборатории ќе биде тешко. За основни крвни испитувања вие треба да го направите тоа централизирано. “Како ќе се справи државата со секојдневниот транспорт не знам. Знаејќи ги условите на тие централизирани лаборатории тоа ќе биде сериозен проблем. Само во Скопје и Тетово тие лаборатории едвај успеваат да менаџираат и со тие луѓе. Македонија не може да развива здравствен систем без стратегија. Тоа е невозможно. Каде е министерот сега да излезе да каже еве ја стратегијата за здравство. Законот за паралелен увоз ја го спремив и го пуштив во Собранието. Не знам зошто заглави, рече Таравари

Таравари вели дека мора најголемата работа да се направи во јавното здравство. Според него ако има незадоволни доктори и незадоволен медицински персонал тогаш ќе има незадоволни пациенти.Тој додава дека не вреди да се заштеди пари ако се губи квалитетот на резултатите.

Парламентарни избори 2020