среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Ова е здравствено-санитарна криза без преседан, доколку не се преземат сериозни мерки, ќе се судриме со цунами

Николов: Ова е здравствено-санитарна криза без преседан, доколку не се преземат сериозни мерки, ќе се судриме со цунами

Станува збор за здравствена, санитарна и економска криза. Кризи кои што се јавуваат во исто време и за многу краток временски период. За здравствената криза одговара здравствениот систем, а за санитарната криза би требало да се преземат мерки. Ги видовме оние снимки во Турција како се чистат и мијат улиците, како се вложува во хигиената. Сведоци сме дека во државата се надмина бројката на 30 заболени со коронавирусот, но ние сеуште не сме сигурни во вистинската бројка што ја имаме во Македонија. Ја видовме пораката на Светската здравствена организација “тестирај тестирај тестирај”, за да се види вистинската ситуација на заразени или носители и што не очекува во наредните денови. Но, власта не го почитува ова правило, па вчера бевме сведоци на еден авион кој слета од Холандија на скопскиот аеродром, а патниците не беа тестирани. Така што постои можност да има повеќе заразени од вирусот Ковид-19, од онаа што е во јавноста, вели д-р Игор Николов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија Live Chat насловен како „Затоа што секој живот вреди“.

Тој истакна дека за да знаеме дали имаме капацитет да се бориме со овој вирус, прво треба да знаеме со што се соочуваме. Државата, вели тој нема точна информација со што се бори и со што се соочува.

-Два пати на ден, министерот кажува како се е спремно, како се е подготвено и ќе пројде еден ден и ќе изјави како состојбата се влошила. Колегите од повеќе делови на државата, се јавуваат и кажуваат како немаат маски, немаат средства, кажуваат дека протоколите не се донесени или не ги добиле. Еве прашајте ги матичните лекари. Тие на пример немаат добиено никаква насока како да постапуваат со пациентите, каде да ги препраќаат и така натаму. Затоа апелирам до оние кои ги држат прес конференциите, да се симнат малце и да видат како е во реалноста. Имаме многу проблеми во здравствениот систем и доколку не се преземе нешто сериозно најверојатно е дека ќе се судриме со нешто големо, со едно цунами од кое тешко ќе излеземе, вели Николов.

Според Николов државата се соочува и со редуцирање на здравствените работници. Поради несреќниот случај со докторката, која заразена со коронавирус пристигна од Италија во државата, се случи намалување на бројот на здравствените работници.

-Поради тој случај изгубивме околу 160 лица, односно беа ставени надвор од системот 160 здравствени работници од кои 60 беа доктори. Ако тој тренд го задржевме да потрае уште пет, шест дена, здравствениот систем би колабирал. Еве истото се случи и вчера кога во Дебар беа заразени неколку здравствени работници. Затоа ќе кажам дека многу е важно одлуките што ги донеле, да ги контролираат дали се спроведуваат. Не е само да се напишат на хартија. Еве граѓаните се жалат и дека никој не дига на телефоните кои се за таа намена, или се цело време зафатени. Затоа сето тоа мора да се корегира за да профункционира здравствениот систем и да одговори на овој Ковид-19, посочи Николов.

Тој смета дека кризата во држава е и санитарна криза, проблем со хигиената. И затоа локалната самоуправа би требала да има примарно значење во овој проблем.

-Вирусот долго време се задржува на асфалтот, па се закачува на тркалата, на обувките. А ние не видовме ниту една цистерна низ градот. Значи се соочуваме со една состојба која што може да ескалира, а ние не се справуваме со тоа. Еве видовме слики и од Дебар, на кои лекарите не носат заштитни одела, а ниту маски за заштита на очите, рече Николов.

Коронавирус