недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Ниту еден универзитет од Македонија воопшто не е ниту класифициран според Шангај

Николов: Ниту еден универзитет од Македонија воопшто не е ниту класифициран според Шангај

Според Шангајската листа на класификација на универзитетите, 66 милионската Франција има 35 универзитети кои се класифицирни на оваа листа, а од нив 21 се вбројуваат помеѓу првите 500 во светот. Односно на околу 1.8 милиони жители, 1 универзитет е класифициран на Шангајската листа. По таа логика, Македонија би требало да има најмалку 1 универзитет кој ќе биде класифициран на Шангајската листа односно помеѓу првите 1000 универзитети во светот, но за жал тоа не е така, анализира членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение

Денес, сведоци сме дека ниту еден универзитет од Македонија воопшто не е ниту класифициран според Шангај. Поради тоа легитимно е да се постави прашањето:

Зошто не се соберат Ректорите на Универзитетите, Деканите на факултетите, Професорите, Доцентите, Асистентите и сите научни работници во земјава, да објаснат што тоа се случува со унверзитетите и факултетите?

Зошто не подготват стратегија и да дадат предлог решенија, како да се подобрат универзитетите за да еден ден го достигнеме барем основниот ЕУ стандард во високото образование? Најлесно е да се објасни со немаме буџет, немаме пари итн.
Да предложат сет на мерки до Министерството за образование до Министерството за Наука, различни од мерката барање пари?

Можеби пак најдобро е да се молчи и ништо да не се зборува, за да не се наруши евентуално „автономијата„ на универзитетите? Сепак, таа автономија секако покрај привилегии носи и одговорности! Научната автономија е неприкосновена за еден универзитет, но финансиската автономија сепак треба да вроди со некакви резултати.

Доколку нема резулатити, тогаш потребно е да се размисли за постапки и мерки, кои заедно со одговорност на клучните носители на универзитетот ќе резултираат со подобрување на позициите на универзитетите од Македонија.

Само со отворена мисла и јасна и кристална дискусија со предлог мерки, може да се подобри високото образование во земјава.!!!