понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 122
home Вести

Николов: Не убедуваа ситуацијата е под контрола, еве сега гледаме по бројката на починати и заразени колку е под контрола

Николов: Не убедуваа ситуацијата е под контрола, еве сега гледаме по бројката на починати и заразени колку е под контрола

Кога нема системска организација и кога не се следат правилата на експертите и науката и кога не се спроведуваат, доаѓа до оваа ситуација во која сме. Може да кажеме дека се шири вирусот секаде, но секојдневието потврдува дека тука е нешто различно од другите држави. Дебар на стартот на епидемијата се стави во карантин со вистински мерки и вистинска екипа се успеа да се излоира тој кластер. И тоа беше еден пример како треба. Тоа се бараше и за во Куманови бараше и градоначаникот молеше, но го исмеваа. Се покажа дека се беше прашање на пиар алатки со кои се претера. Полицискиот час даде резултат, падна ширење на вирусот и решија одиме на избори и делење на наводна помош на населението, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Сонце.

Според него по изборите кога се собираа луѓето, работеа дискотеки и сега дојдовме во оваа ситуација.

– Ние баравме да се направи бел план и сега веќе не е контролирано каде и како се шири вирусот. Потоа не убедуваа се е под контрола, еве ситуацијата покажува колку се е под контрола. Едноставно системот не е организиран, посочи Николов.

Најнови вести

Коронавирус