понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 41
home Вести

Николов: Не може за две ипол години поминати на власт СДСМ да кажува дека нема лекови заради тоа што системот бил таков

Николов: Не може за две ипол години поминати на власт СДСМ да кажува дека нема лекови заради тоа што системот бил таков

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Алфа посочи дека после 5-ти секој месец граѓаните се соочуваат со недостиг на лекови, иако СДСМ пред да дојде на власт ветуваше дека преку цел месец ќе има лекови за сите граѓани во државата.

-Две ипол години поминаа откако сте на власт и не може за две ипол години поминати на власт да кажувате дека нема лекови заради тоа што системот бил таков. Порано немаше до 15-ти лекови, а сега нема од 5-ти натака. Ниедна аптека нема лекови после 5-ти, нагласи Николов откако Злате Мехмедовиќ се правдаше дека лекови нема бидејќи ВМРО-ДПМНЕ владеело 11 години во Македонија.