сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Николов: Мора комплетно да се смени стратегијата за справување со коронавирусот

Николов: Мора комплетно да се смени стратегијата за справување со коронавирусот

Комплетно треба да се смени стратегијата бидејќи видовме дека политиките што се спроведуваат не даваат резултат, рече доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Според него ВМРО-ДПМНЕ цело време подава рака за справување со ситуацијата со корона вирусот.

– На почетокот не исмејуваа и велеа шириме хистерија, па ги спроведувааа нашите мерките со доцнење од отприлика седум дена. Но, она што треба да се прави е да има масовно тестирање и да се размисли дали е потребна визуелизација на вирусот. Ако зборуваме за невидлив непријател истиот сега може да го визуелизираме. На пример, ако знаеме кој е заболен како што се пријавуваат и ги знаеме членовите на СДСМ кои се тестираат, потоа ако се знае кој од оние кои се тестирани лично на своја рака се позитивни и се знае од каде се добиваме слика каде го има вирусот. Ако може да ги визуелизираме кластерите зошто ја блокираме државата или со топ убиваме комарец. Контрадикторно е поради кластер од 15 семејства да се блокира државата. Тоа ја отсликува дезоирентарноста на власта, рече Николов.

Според него дел од стратегијата мора да биде и тестирањето на здравствените работници.

-И не само здравствените работници, туку скрининг на ризични групи. Имам сознанија дека од 10 клиники има позитивни од персоналот, доолнително има и 11 во ковид болницата 8 – ми Септември. Исто така еден кат на Дигисетивна хирургија е затворен, денес има и на Гинекологија заболени. Се поставува прашањето што ако дојде до затворање на здравствени установи. Смирувачките информации врз основа на квази научни твредења дека ќе трае кратко ситуацијата не прават ништо. Не водат кон што кон брзи избори, рече Николов.

Парламентарни избори 2020