четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 37
home Вести

Николов: Играњето или немањето соодветни мерки не доведе во ситуација да имаме огромен број на починати и новозаболени

Николов: Играњето или немањето соодветни мерки не доведе во ситуација да имаме огромен број на починати и новозаболени

Недисциплината, играњето со мерките, постапките на Комисијата за заразни болести, одлуките на Владата, ние ништо не знаеме детално што се случува, само гледаме дека немаше мерки. Недисциплината и немањето мерки го дава овој резултат на енормни бројки на заболени и починати, рече доктор Игор Николов на гостувањето на телевизија Сонце.

Николов укажа на примерот на Франција, каде како што рече мерките дадоа резултат.

-На пример во Франција имаше полукарантин, луѓето одеа на работа и работеа се водеше грижа за економијата, сега ги олабавуваат мерките, ама постигната е целта. Целта им беше да го намалат индексот на ширње на вирусот или имаа Р индекс 1,6 и стогнаа до 0,65. И сега се олабавуваат мерките. Тоа им беше плански,целта ја постигнаа на здравствен план, а сега бидејќи доаѓа Божиќ и тоа им е многу важно за нивната економија, истата ќе се раздвижи. Или го симнаа индексот на ширење и сега се подготвени за божиќните празници, рече Николов.

Според него кај нас нема мерки, и додаде „само зборат бараме кревети и лимитирање на работа на кафулиња и ресторани, но се изнајмуваат станови, куќи, се нарачува кетеринг за двесте луѓе, затоа требаат вистински мерки и да се контролира дали се спроведуваат“.

-Пикот што го имаме во април, потоа имаме раст во јуни кога делеа наводна социјална помош и сега во октомври одиме уште нагоре или здравстевниот систем не одмори, индексот на ширење никогаш не се намали, кажа доктор Николов.

Коронавирус