сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Граѓаните се судрија со едно големо разочарување од СДСМ, имаше огромни, големи ветувања кои што се претворија во лаги

Николов: Граѓаните се судрија со едно големо разочарување од СДСМ, имаше огромни, големи ветувања кои што се претворија во лаги

Денеска сме во Сопиште продолжуваме со разговорите со граѓаните, одзивот е завиден, заинтересираноста е прилично голема. Благодарни сме на луѓето што се тука, што прашуваат, што се информираат, што ни даваат поддршка, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се поставуваат прашањата кои што се важни за иднината на Македонија, за обновата на Македонија. Граѓаните се судрија со едно големо разочарување, имаше огромни, големи ветувања кои што се претворија во лаги. Денеска се соочуваме со едно големо разочарување кое што е резултат, не на некои надворешни странски и други фактори туку е резултат на не работата на оваа актуелна влада, односно владата на Зоран Заев кој што се обиде со лаги и манипулации, прво ги изманипулира своите граѓани и своите луѓе, а потоа да манипулира секаде надвор од Македонија, потенцира Николов.

Коронавирус