сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николов: Драчевчани и Припорчани се разочарани од катастрофалното владеење на СДСМ, ова безредие мора да заврши

Николов: Драчевчани и Припорчани се разочарани од катастрофалното владеење на СДСМ, ова безредие мора да заврши

Денеска бевме во посета на Драчево и Припор, општина Кисела Вода. Драчевчани и Припорчани се разочарани од катастрофалното владеење на СДСМ, истакна членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Игор Николов.

-Во предизборната кампања ветуваа правна држава, а го уништија системот. Патриотите се во притвор, а криминалците се на слобода. Загрижени се за безбедноста, често гледаат опожарени возила, разбојништва, убиства и криминал. Македонија стана нефункционална држава. Владее криминалот, безредието и нискиот стандард, што доведе до масовно иселување. Здравството е во колапс, образованието стагнира, вели Николов и додава:

„Ова безредие мора да заврши. Тука сме сега, а ќе бидеме помеѓу граѓаните и после 12ти Април. ВМРО-ДПМНЕ има визија и идеја за обнова на Македонија. Да ја насочиме Македонија кон вистинскиот правец. Македонија мора да биде горда, достоинствена и просперитетна држава“.

Коронавирус