четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николов до Филипче: Охрабри се, да дебатираме за здравството, за корона, за вакцини…

Николов до Филипче: Охрабри се, да дебатираме за здравството, за корона, за вакцини…

Перцепција е дека во здравството цветаат рози. Перцепција е дека добро се справуваме со кризата. Не ни се случи италијанско сценарио, но ни се случи транзиција и приватизација на здравството како да сме 1994 година кога се приватизираа компаниите. Министре, Ве поканувам да размениме мислења и да продискутираме каде сме и до каде не доведовте.

Охрабрете се. Со оваа порака претседателот на Комисјата за здарвство Игор Николов го повикува министерот за здравство, Венко Филипче на дебата за состојбата во здарвството со акцент на корона кризата.

Поканата за дебата од доктор Николов до доктор Филипче, актуелен министер за здравство доаѓа во период кога граѓаните не можат да дојдат до основна здрваствена услуга поради (не)организраноста на здравствениот систем која дојде до израз пред се во овој период на криза предизвикана од корона, кога граѓаните на Македонија се единствени кои не може да се вакцинираат затоа што можеби само кај нас нема вакцини.

Но, освен темите поврзани со корона кризата, во меѓувреме течеа или течат процедури за приватизација на здравството и се поставува прашањето зошто еден вид призватизација на службите, зошто не зајакнување прво на јавното здарвство, а потоа други планови. Тука е и вечната тема за нов клинички центар и лекување на граѓаните во достоинствени услови и слично.

Перцепција е дека во здравството цветаат рози. Перцепција е дека добро се справуваме со кризата.
Не ни се случи…

Posted by Igor G. Nikolov / Игор Г. Николов on Thursday, February 11, 2021

ЕУРО 2020

Македонија