недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Николов до Филипче: Не направивте јавно приватно партнерство, туку само одлив на кадар во приватно здравство

Николов до Филипче: Не направивте јавно приватно партнерство, туку само одлив на кадар во приватно здравство

Проблемот е што министерот за здравство Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурање Ден Дончев се сликаа и кажуваа дека ќе има јавно приватно партнерство детска кардиохирургија за по шест месеци да видиме дека нема ништо од тоа, рече доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебата со министерот за здравство Филипче во емисијата Детектор на телевизија Сител.

-Што се случи со, како што вели министерот, хуманиот капитал само одлив,  професионалци од јавното преминаа во приватното здравство. А ако е како што велите движење на кадарот зошто не направите услови да се вратат во јавно здравство. Кардиохирургијата претставува гранка која треба да биде присутна и во јавното здарвство, рече Николов.

Според него наместо физибилит студии,  шефот на Филипче, Зоран Заев требаше а се фатата за работа.

-Што направивте само физибилити студии без никаква реализација. Се  решивте за нов клинички центар надвор од Скопје, посочи Николов.

Во рамки на постојниот Клинички центар, според Николов, требаше паркинг барем да направи за да паркираат луѓето.

Парламентарни избори 2020