недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Николов до Филипче: Министре до кога ќе избегнувате дебати и ќе се самофалите дека добро се справуваме со пандемијата, излезете со мене на дуел

Николов до Филипче: Министре до кога ќе избегнувате дебати и ќе се самофалите дека добро се справуваме со пандемијата, излезете со мене на дуел

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, го повикува министерот за здаравство, Венко Филипче, на дебата на која би дискутирале за актуелните теми во здравството, меѓу кои и ситуацијата со корона пандемијата.

„Перцепција е дека во здравството цветаат рози. Перцепција е дека добро се справуваме со кризата. Немаме вакцини, но успешно ја менаџерираме пандемијата. Ситуацијата е под контрола, но ќе ја реактивираме Модуларната болница и клиниките во зградата Интерна медицина. Имаме голема смртност, но сме оценети како едни од најподготвените за справување со пандемијата. Министре, до кога ќе избегнувате дебати и ќе се самофалите дека добро се справуваме со пандемијата. Ве поканувам да размениме мислења и да продискутираме каде сме и до каде не доведовте. Охрабрете се!“, пишува доктор Николов повикувајќи го на дуел минситерот Филипче.

Ова е втор повик од Николов до Филипче.

Николов неодамна исто го повика на дуел Филипче, но молк од министерот.

Коронавирус