понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 12
home Вести

Николоски: Зоран Заев наместо да се занимава со државата и економијата, тој се занимава со ВМРО-ДПМНЕ но, тој проект нема да му успее затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу поголемо од било која власт во Македонија

Николоски: Зоран Заев наместо да се занимава со државата и економијата, тој се занимава со ВМРО-ДПМНЕ  но, тој проект нема да му успее затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу поголемо од било која власт во Македонија

За Македонија е клучно прашање во иднина дали Зоран Заев ќе си оди или не. Најлошо е тоа што СДСМ сака да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е најлошо што може една партија да го прави, затоа што секој партија што тоа го посакува е копање гроб на самата себе или паѓање во гробот што го копале. Ќе падне и Заев во гробот што го копа, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерва во емисијата “Јади бурек” на телевизија Сонце.

-Затоа што наместо да се занимава со државата, како да ја оправа државата и да оди напред тој се занимава со ВМРО-ДПМНЕ веќе 4-та година. Но, тој проект нема да му успее затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу поголемо од било која власт во Македонија. И таа енергија што ја потроши на дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ или преземање на ВМРО-ДПМНЕ преку уценети луѓе, да ја потрошеше за Македонија сега ќе имавме минимум два автопатишта, рече Николоски.

Коронавирус