четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Николоски: Законот за употреба на јазиците е неуставен и раѓа нови поделби во општеството

Николоски: Законот за употреба на јазиците е неуставен и раѓа нови поделби во општеството

Амандманите кои што ги поднесовме за законот за употреба на јазиците имаат цел, не се случајно поднесени.  Ние три пати пред да ги поднесеме побаравме да се формираат работни групи во кои ќе учествуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, експерти, Македонската академија на науките и уметностите и претставници од Кабинетот на Претседателот , во кои што ќе изработиме закон во рамки на Уставот, кажа Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24.

Според Николовски овој закон за употреба на јазиците, донесен без опозицијата е неуставен кој што раѓа нови поделби во Македонија и кој што не е корисен ниту на Македонците, ниту на Албанците.

Ако ние сакаме да градиме едно општество во кое што ќе живееме сите, не смееме да носиме решенија кои што ќе бидат на штета на било кого. Овој закон е на штета на добрите односи помеѓу Македонците и Албанците, потенцираше Николоски.

Николоски додаде дека законот не им е во корист ниту на Албанците и како што рече тој е против мнозинството да го мајоризирање малцинството, но исто така е против малцинството да го мајоризирање мнозинството.

Според него поднесување на амандманите за било кој закон во Собранието е право на секоја политичка група. Тој истакна дека е за употреба на албанскиот јазик но само од страна на Албанците, додека е против наметнување на албанскиот јазик на граѓаните кон не го зборуваат, бидејќи тоа е наметнување а не право.

Николоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се спремни да седнат, да разговараат и да изготват ново законско решение, кое што ќе биде во рамки на Уставот и кој што ќе биде поддржан од страна на граѓаните.

Коронавирус