петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Николоски: Заев во спрега со мафијата ја направи кокаинска Македонија

Николоски: Заев во спрега со мафијата ја направи кокаинска Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното интервју во емисијата Директно на ТВ Тера посочи дека Заев е во спрега со мафијата правејќи ја Македонија небезбедна држава за живеење.

Имав една колумна и ја нареков државата „Кокаинска Македонија“ затоа што за жал во овие три години Македонија стана кокаинска Македонија од причина што има толку многу дрога и толку многу е достапна а со тоа и цената е спуштена што само покажува една спрега помеѓу власта и мафијата. Невозможно е во три години макар и по грешка некој цариник не запленил некое кило кокаин, што значи дека и тоа што се запленувало подоцна се пушта да оди, го имаме и во Битола, го имаме и во Скопје. И гледаме дека постои една спрега помеѓу мафијата и државата, откако се создаде еден јавен притисок особено во Скопје за истраги затоа што почнаа улични пресметки и убиства, оние кои што цел град ги знае дека се водачи на тие наркобанди „случајно„ ден или два пред да им се прават претреси во нивните домови ја напуштиле Македонија, заминале во странство, што само говори дека постои спрега односно и самиот министер спомна дека има сериозни сознанија дека луѓе од кримполицијата им јавувале на оние кои што треба да ги гонат, вели Николоски.