понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 10
home Вести

Николоски: Заев со договорот ја понижи Република Македонија

Николоски: Заев со договорот ја понижи Република Македонија

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ заедно со својот тим вчера оствари теренска посета во Општина Сопиште.

Од партијата информираат дека на средбата со граѓаните се дискутирало околу актуелната состојба поврзана со капитулантскиот договор од Преспа за преименување на Република Македонија и македонскиот народ.

-Владата на пред да дојдат на власт ветуваа се и сешто, но еве веќе година ипол тие не мрднаа со прста за државата. Граѓаните на Република Македонија ги презадолжија, секојдневно се соочуваат со криминал низ улиците, посочи Николоски.

Заев со договорот што го склучи со Грција ја понижи државата, бидејќи се направија големи отстапки во кои и трајно се нарушени позициите на нашата држава.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓаните на Република Македонија треба сами и на своја волја да одлучат како ќе постапат на референдумот, нагласи Николоски.

Коронавирус