недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Заев се плаши од постигнување на договор за ЈО бидејќи ќе се открие неговата вмешаност во корупциската афера Рекет

Николоски: Заев се плаши од постигнување на договор за ЈО бидејќи ќе се открие неговата вмешаност во корупциската афера Рекет

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното интервју за вестите на Канал 5 изјави дека преговорите за формирање наново јавно обвинителство ќе продолжат во иднина бидејќи е потребно да се постигне договор бидејќи граѓаните и меѓународната заедница очекуваат правда во Република Македонија.

Ние се надеваме на преговори затоа ги продолжуваме разговорите од интерес на Република Македонија е да се постигне договор, затоа што тоа е барање на граѓаните и граѓаните конечно сакаат правда да има во Република Македонија,а тоа е барање и на меѓународната заедница, вели Николоски.

Тој нагласи дека потребно е Македонија да има кредибилно јавно обвинителство кое ќе ги гони сите сторители на кривични дела, после скандалот кој што изминатиот период ја тресе Република Македонија со Специјалното Јавно обвинителство и Катица Јанева, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ бара јавниот обвинител да е на нивен предлог и така да биде во иднина, јавниот обвинител да е на предлог на опозицијата без разлика дали опозиција ќе биде ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.

После овој скандал кој што се случува во Специјалното јавно обвинителство и со Катица Јанева време е да имаме едно кредибилно обвинителство кое што ќе може да го гони криминалот во Македонија. Во однос на предлозите кои што ги имаме во овој момент ние можеме да зборуваме за се освен за независно обвинителство. Државниот обвинител во Република Македонија е на предлог на владата од парламентарното мнозинство, значи самиот Устав и закон пропишува дека тоа е предлог на владата. Она што ВМРО-ДПМНЕ го бара е опозицијата исто така да има улога во ЈО и тоа да е за секоја идни опозиција, а не да важи само кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, а тоа е она обвинителство кое што треба да е обвинителство за висока корупција и да гони организиран криминал да е водено од претставник на опозицијата затоа што логиката е дека секогаш мотивот на опозицијата е да открива криминал кај власта, а додека власта еве гледаме и сами нема намера да го гони криминалот, објасни Николоски.

Николоски потсети дека во моментот има висок степен на криминал и корупција додавајќи дека сегашното јавно обвинителство наместо да го гони криминалот, тие ги повикуваат новинарите кои што ги објавуваат и бараат од нив да се каже изворот.

Во овој момент немаме ни еден министер, заменик министер или директор на поголемо јавно претпријатие што е барем под истрага а камо ли да е под обвинение, а гледаме корупциски скандали секој ден. Гледаме корупциски скандали за Генералниот секретар на владата излегуваат снимки во јавноста и наместо обвинителството да го повика и да го осомничи ги повикуваат вашите колеги новинари кои што го објавиле тоа за да им кажат од каде им се изворите. Така што договор е потребен, ние сме за договор но тој договор мора да има баланс а балансот е и опозицијата да има улога, изјави потпретседателот Николоски.

Потпретседателот Николоски претпоставува дека мотивот на Заев за непостигнување на договор за јавен обвинител е поради страв дека ќе се открие неговата инволвираност во корупциските афери Рекет..

Претпоставувам дека мотивите на Зоран Заев за опозицијата да нема улога е за да не се открие неговата инволвираност во корупциските афери, Рекет 1, еве имаме и Рекет 2 а веројатно ќе има уште неколку Рекети во иднина, заклучи Николоски.