среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 132
home Вести

Николоски: Заев не треба да ја потценува интелигенцијата на народот кој знае чиј е имотот на Егејското море (ВИДЕО)

Николоски: Заев не треба да ја потценува интелигенцијата на народот кој знае чиј е имотот на Егејското море (ВИДЕО)

Зоран Заев се обиде да изманипулира за имотот кој го поседува на Егејското море, тој рече дека не поседува на негово име имот на море, но во текстот на бугарскиот медиум многу јасно пишува дека сопственик е фирма блиска на брат му на Зоран Заев со цел да се сокрие трагата бидејќи тие претпоставиле дека Заев ќе се брани,  ова вчеравечер во емисијата „Заспиј ако можеш“ го потенцираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Јас мислам дека не треба да ја потценува Заев интелигенцијата на луѓето, бидејќи тие читаат тоа што е напишано, инаку да му честитам за вкусот. Добра локација, а за парите како се заработени ќе дојде ден многу брзо отколку што мисли и ќе се испита многу добро потеклото на сиот капитал. Граѓаните можат да видат зошто тој бега од едно прашање. Јас сум носител во четвртата изборна единица против Зоран Заев, на секој митинг едно прашање поставував: Дали е подготвен Заев да го докаже сопственото потекло на капитал и на неговото семејство. До денес, изборите беа на 15 јули, јас немам добиено одговор, рече Николоски.

Целото видео од овој дел од разговорот можете да го проследите околу 53-тата минута од ова интервју.

Коронавирус