недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Николоски: Заев не реагира на изјавите од Бугарија зошто договарал бизниси, тој е виновен за три изгубени години и што Македонија не е во ЕУ

Николоски: Заев не реагира на изјавите од Бугарија зошто договарал бизниси, тој е виновен за три изгубени години и што Македонија не е во ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ меѓудругото се осврна и на прашањетп со Бугарија.

-Заев две недели бега да даде одговри. Прво, да одговори зошто не ми одговара дали знаел дека неговиот потпретседател Димитров го озборувал кај новинари и креатори на јавно мислење дека Заев бил спремен да потпише се ама „големиот патриот“, Димитров и скопското крило на СДСМ го спречиле, иако за мене двајцата се исти. Второ, дали е вистина дека блиски соработници на Заев работат на дискриминација на членови на Комисијата за разговори со Бугарија и Заев спрема комисија која ќе ги потпише неговите ставови. Трето прашање, во најмалку две изјави од врвни функционери на Бугарија како на Захариева која крајно непријателски се однесува кажа дека и други земји биле против, ама тие се против корупцијата на Заев, и претседателот Руме Радев кажа дека Бугарија до октомври 2019 не правела проблеми, туку почнала да ги прави после тоа. Ова се поклопува со она што го зборувам, а тоа е дека во јуни 2019 година, Македонија владата ја стави во група со Албанија и ја уназади, а јас говорев дека имаат таков план и тој се потврди, рече Николоски.

Според него ЕУ му даде на Заев да спроведе реформи во администрација кои ги нема, реформи во безбедносен сектор кои поминаа благодарени на опозицијата и борба против корупција, а тука на власта и се појави Рекет.

-Ова се прашањата кои ЕУ му ги даде како задача и Заев ако ги исполнеше немаше Македонија да чека до сега за ЕУ, рече Николоски.

Според него откако Заев ова не го исполни барањата после следи бугарскиот став во документ во Собранието, потоа бугарскиот став влегува и како став на ЕУ пролетва.

-Кога го објавив ова годинава ме обвинуваа и излезе точна мојата контатација. Или Заев и власта се виновни за три изгубени години и што Македонија не е во ЕУ, рече Николоски укажувајќи дека власта не реагира на изјавите на бугарските претставници зошто има договорено бизниси со нив.

Коронавирус