петок, 18. септември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Николоски: Заев не го средил ни неговото Муртино, како да очекуваме да ја среди државата?

Николоски: Заев не го средил ни неговото Муртино, како да очекуваме да ја среди државата?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и носител на листа во изборна единица 4 во интервју за Економски лидер, вели како може да очекуваат граѓаните Зоран Заев да ја среди државата, кога тој не успеал да го среди сопственото Муртино, додавајќи дека при дека каналите се преполни со фекалии, и секое лето луѓето се разболуваат од зарази а секоја пролет и есен има големи поплави при секој дожд кој што ќе се случи таму.

Само за слика на гледачите почна да се гради експресен пат од Градско до Прилеп, дојде Заев на власт го запре затоа што фирмата изведувач замина а замина затоа што беше уценува да земе подизведувачи блиски на СДСМ, значи да прави криминал. Големи европски фирми, таа беше голема европска фирма не си дозволуваат да прават криминал во Македонија. Понатаму автопатот Скопје Штип требаше да продолжи до Струмица, почна да се гради Штип Радовиш прва делница, каде застана 2017 таму е денес, два камиона прават крукчиња таму и ништо не работат, за Радовиш – Струмица воопшто не сакам да зборувам. Не знам како не го нервира дома кога си оди да ги гледа тие работи. Вчера бев во негово Муртино, во недела ќе одам пак да му најавам јавно. Во Муртино канализацијата тече по улици. Пред куќата негова да ви кажам што има, од лева и од десна страна има огромни канали кои што се полни со канализацијата и атмосферска и фекална, секое лето луѓето се разболуваат од зарази а секоја пролет и есен има големи поплави при секој дожд кој што ќе се случи таму. Значи тој дома не направил, дома не си средил и ние чекаме да ја управи државата и затоа сум убеден дека ќе го победам убедливо во четвртата изборна единица, рече Николоски.

-Јас кажав кои се моите мотиви и зошто отидов во четвртата изборна единица. Отидов во четвртата изборна единица затоа што четвртата изборна единица во моментот за жал е најлоша економски во цела држава и најуништена инфраструктурно. Отидов во четворката затоа што луѓето најлошо живеат таму, земјоделците се најмногу неоправдани, младите заминуваат, а пензионерите немаат достоинствени пензионерски денови, вели тој.

Коронавирус