петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

Николоски: Заев излажа, „Фолксваген“ потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија

Николоски: Заев излажа, „Фолксваген“ потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија

Престижниот Блумберг објави дека „Фолксваген“ и официјално ќе инвестира во Турција. Исто така, објави дека Македонија воопшто не влегла во финална фаза на одлука. Вест која речиси и да помина незабележана. Се прашувам толку ли општеството се навикна на лоши вести и неуспеси што веќе не сака да слуша за нив? Толку ли е големо разочарувањето да никој не сака да слушне уште едно? Сепак, треба и мора да се знае што се случува за да се влечат поуки за иднината и да се носат заклучоци како не треба, ова во својата најнова колумна го пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

А, дефинитивно не треба вака. Не треба како што оваа влада на Заев работи, односно не работи. Затоа што, како што претходно напишав на ова место, корупцијата цвета, а економијата тоне. А, треба да се знае дека деновиве „Фолксваген“ официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари, за споредба сите инвестиции во период од четири години во Македонија не можат да ја достигнат оваа бројка, отвораат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, 15 илјади семејства ќе ја најдат својата среќа, своето вработување. Ќе произведуваат над триста илјади автомобили годишно главно „пасат“ и „шкода суперб“, што сериозно ќе го зголеми бруто домашниот производ на Турција, како и девизниот прилив зашто најголем дел од нив ќе се извезуваат.

Она што е особено интересно е што во информацијата на „Фолксваген“ дадена за Блумберг се вели дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка.

Со ова „Фолксваген“ потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија. Така, за жал, лажеше Зоран Заев кој во јануари зборуваше дека само што не се донела одлуката, па дури и го злоупотребуваше името на канцеларката Меркел и советникот за надворешна политика Хекер. Но на лагата ѝ се кратки нозете.

И да бидеме начисто, „Фолксваген“ воопшто не ја зел предвид Македонија затоа што слушаат и знаат дека корупцијата цвета, дека фирми се рекетираат, дека им се нудат „стратешки партнери“ кои би зеле пола од фирмата за без пари, знае „Фолксваген“ дека тоне во криминал и корупција цела Влада и затоа не ни сака да размислува, а камоли да инвестира во Македонија. Затоа е потребна промена! Брзи предвремени избори по кои ќе дојде способна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да ги решава проблемите. Токму затоа деновиве тргнавме на терен да слушнеме што очекува и сака народот, првпат во историјата на Македонија правиме интерактивна програма, во која пред сè ќе бидат ставени барањата и проектите кои народот ќе ги побара од нас на овие средби.

Целата колумна на Александар Николоски можете да ја прочитате ТУКА.