петок, 25. септември 2020. Вести денес: 113
home Вести

Николоски: Заев да каже на кој ден, на кој начин и како го пријавил Рекет и да ја покаже службената белешка или записник од пријавата

Николоски: Заев да каже на кој ден, на кој начин и како го пријавил Рекет и да ја покаже службената белешка или записник од пријавата

Поминаа три дена откако јавно побарав од Зоран Заев да одговори дали го пријавил случајот Рекет како што долго време гради приказна ПР тимот околу него. Ако го пријавил мора да има писмена белешка, па го повикувам да ја покаже. Имено упатувам на Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка. Исто така упатувам на Законот за јавно обвинителство член 39 во кој јасно стои дека ЈО прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Врз основа на сето ова може ли Зоран Заев да каже на кој ден, на кој начин и како го пријавил Рекет и да ја покаже службената белешка или записник од пријавата.
Очекувам одговор, напиша Николоски на Фејсбук.

Коронавирус