недела, 11. април 2021. Вести денес: 98
home Вести

Николоски за весникот „Илинден“: Гоце Делчев го претставува македонскиот идентитет и за тоа прашање не може да има никакви преговори

Николоски за весникот „Илинден“: Гоце Делчев го претставува македонскиот идентитет и за тоа прашање не може да има никакви преговори

Македонски весник „Илинден“: Г-дин Александар Николоски, кој е ставот на ВМРО – ДПМНЕ по барањата на Бугарија за Гоце Делчев, Македонскиот јазик и Македонското национално малциство во Бугарија?

Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Гоце Делчев е дека за Гоце Делчев нема преговори, Гоце Делчев го претставува македонскиот идентитет и за тоа прашање не може да има никакви преговори. Ликот на Гоце Делчев претставува столб на македонскиот идентитет и симбол на вечната борба за Македонија. За мене се неразбирливи ставовите на Заев и не разбирам како еден македонски политичар може воопшто да помисли да преговора за ликот и делото на еден великан како Гоце Делчев, или пак да преговара за македонскиот јазик, култура и историја. Неговите изјави прават огромна штета на Република Македонија и со политиката на Заев на потпишување на договори кои создаваат проблеми со соседите само се разнебитува македонската држава. Македонското национално малцинство во Бугарија се соочува со проблеми и тажно е што земја членка на ЕУ има таква политика спрема малцинството на соседна држава. Тоа не се европски политики и европски вредности. Факт е дека македонското малцинство во Бугарија постои, организирано и Бугарија треба да го почитува тоа. Кажав и претходно, политички аматери ја водат Македонија, потпишуваат договори кои наместо да ги решаваат проблемите, договорите создаваат нови проблеми со соседите. ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори за зачувување на националните интереси на македонскиот народ и црвените линии.

Македонски весник „Илинден“: Актуелна тема во татковината Македонија е пописот, знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ почна да собира потписи против законот за попис како се движи собрањето на потписите?

Николоски: Во моментов граѓанската иницијатава за закон за поништување на политичкиот попис кој на сила сака да го спроведе актуелната власт надмина 100 000 потписи, во навистина краток рок и сакам да честитам и да се заблогадарам на сите граѓани кои се потпишаа на оваа иницијатива. Големиот број потписи значи дека македонскиот народ се буди и дека е против овие штетни политички договори на коалицијата на власт. Пописот треба да е статистичка операција  а не политичка,  пописот мора да биде статистичка операција, согласно сите стандарди за спроведување попис. Процесот кој власта го турка на сила го губи легитиметот уште на првиот ден со тоа што сите видовме дека онлајн попишувањето има пропусти и дека резултатите ќе бидат делеку од реалноста.

Македонски весник „Илинден“: Николоски, имаќи во предвид вашиот ангажман со години во Советот на Европа како ги оценувате правата на македонско национално малциство (МНМ) во соседството, дојдено е времето ВМРО – ДПМНЕ да изработи темелна и јасна стратегија за МНМ и поактивно да се занимава со ова витално прашање и така ќе се пристапи сериозно на решавање на проблемите што ги имат Македонците во сосество?

Николоски: Во Советот на Европа во минатото имав силен ангажман посебно во делот за малцинствата, сметам дека македонското национално малцинство во соседството е од огромно значење за Република Македонија и затоа треба да се негува и да се гради силна комуникација. Сакам да напоменам дека јас сум прв македонски пратеник кој во Советот на европа успеа да воведе мониторинг врз Грција на почитувањето на човековите права и правата на малцинствата. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично го ценам и го поздравувам ангажманот на македонското малцинство во Албанија, активностите и заложбите за зачувување и сплотување на македонското малцинство, нешто што е од огромно значење за Република Македонија и се надевам дека и во иднина македонското малцинство во Албанија уште посилно ќе се бори за своите малцински права и зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција. Сакам да напоменам дека во врска со македонското малцинство во Албанија силно се залагам за унапредување на македонскиот народ кој што живее во Албанија и се залагам за почитување на правата на македонското малцинство. ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија во поглед на малцинствата, имаме комуникација со претставници од сите соседни земји и комуникацијата е на високо ниво. Исто така сакам да напоменам дека додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во минатото имаше сериозна комуникација на владата и малцинствата, се организираа заеднички настани и голем број средби.

Македонски весник „Илинден“: Како е соработката на ВМРО – ДПМНЕ со Демократската партија (ДП) на Република Албанија во рамките на Европската народна партија (ЕПП)?

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има бројни пријатели во Албанија, една од нив е ДП која е дел од ЕПП и тоа е наша сестринска партија и соработката е на едно високо ниво. Двете партии имаат заедничка соработка во рамки на Европската Народна Партија. Покрај тоа доказ за одличната соработка помеѓу двете политички партии е присуството на претставник од ДП на конференцијата која беше организирана од страна на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје на која заедничко учество имаа опозиционите партии од македонскиот и од албанскиот политички блок.

Коронавирус