четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Николоски за случајот „Меѓународен сојуз“ и Царовска: Тоа се истите бандити од криминалната шема на чело со Зоран Заев

Николоски за случајот „Меѓународен сојуз“ и Царовска: Тоа се истите бандити од криминалната шема на чело со Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски запрашан за коментар околу скандалот со Мила Царовска и Меѓународниот сојуз на Боки 13, одговори дека тоа се истите бандити и истата криминална шема каде што на врвот е лично Зоран Заев, а ова е само едно јасно произлегување во јавност на детали кои што веќе и сѐ познати на јавноста.

-Исти бандити, тоа сме го зборувале, а ова е само едно јасно произлегување во јавност на детали коишто беа познати во јавноста. Јас сум со Зоран Заев на суд, ме тужи за клевета затоа што кажав уште во август 2019 година за ова што сега го гледа целокупната македонска јавност, така да за брзо време таму ќе имате можност да видите и докази кои што ќе ги презентирам. Значи, целиот криминал и таа криминална шема каде што на врвот е лично Зоран Заев и каде што се изрекетирани повеќе бизнисмени и сумата надминува некаде над 20 милиони евра се открива низ македонските институции и за жал тие институции се заробени и се под притисок, но пополека излегува вистината на виделина, а после промената на власта која што ќе се случи оваа есен ќе бидат целосно расветлени и ќе одговараат сите кои се дел од овие криминални шеми, рече Николоски.

Коронавирус