вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Николоски: За бизнисот и македонските граѓани важно е да има здрава бизнис клика проследена со функционален систем на владеење на правото

Николоски: За бизнисот и македонските граѓани важно е да има здрава бизнис клика проследена со функционален систем на владеење на правото

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вестите на Сител говореше на економски мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе кога ќе ја формира новата влада по 12 април.

-Очекуваме во периодот од 4 години просечната плата да порасне за цели 25% односно за една четвртина граѓаните да земаат повеќе плата од ова што земаат сега и тоа да е една реална основа, да прават компаниите профит и да можат да го споделуваат тоа со своите вработени, а не вештачки како што сега го прави владата на СДСМ со притисоци врз стопанството, вели Николоски за вестите на Сител.

Тој кажа дека тука е вклучено и пораст на пензиите за 20% и тој пораст ќе ги следи двете основи и го посочи следново:

-Едната основа е зголемување на реалните трошоци за живот и втората е зголемување на просечната плата. Тие 20 % треба да значат подостоинствен живот за македонските пензионери.

Николоски додаде дека во тој сет на мерки ќе има доста асимулации за они кои што ќе сакаат самите да отворат бизнис, а се размислува и за одредена категорија на бизниси кои што се пред се мали бизниси до одредена сума на заработка воопшто да не плаќаат данок како би можеле да се стимулираат и како би можеле да инвестираат повеќе во развој на своите мали бизниси.

-И она што е особено битно за македонските граѓани, секако и за бизнисот е една здрава бизнис клима која што ќе е проследена од еден функционален систем на владеење на право, да се среди тој дел на неизвесност, да не се македонските фирми предмет на рекет како што беа досега, ниту да бидат предмет на уцена на било која институција, дали се работи за инспекција, дали се работи за суд или за друго тело кое е орган на државата. Да се почитуваат законите, оние кои што не ги почитуваат законите секако да одговараат, но оние кои што ги почитуваат да не се плашат за својот бизнис, вели Николоски.

Коронавирус