вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 93
home Вести

Николоски во работна посета на Франција: Ќе побарам Македонија да отпочне преговори со ЕУ

Николоски во работна посета на Франција: Ќе побарам Македонија да отпочне преговори со ЕУ

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски престојува во посета на Париз, Франција, каде ќе оствари бројни средби.

Николоски вели дека како Претседател на групата за соработка на Македонијаи Франција ќе оствари средба со Силван Гиоге заменик директор за Европски прашања на МНР на Франција, како и со Бертранд Сор пратеник во Француското Собрание и Претседател на групата за соработка Франција – Македонија.

-Во рамки на посетата ќе учествувам во работата на ПС на Совет на Европа на Комисијата за правни прашања и човекови права и Комисијата за демократија и политички систем. Исто така ќе остварам средби и со француски стопанственици на кои ќе ги претставам можностите за инвестирање во Македонија. На средбите ќе ги запознаам соговорниците за политичките состојби, резултатите од локалните избори, состојбата со растечката корупција и економската криза како и потребните промени. Ќе побарам Македонија да отпочне преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, информира Николоски на Фејсбук.

Коронавирус