среда, 12. август 2020. Вести денес: 115
home Вести

Николоски: Во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ не’ очекуваат три странски инвестиции

Николоски: Во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ не’ очекуваат три странски инвестиции

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, во вечерашното интервју за Македонската телевизија, нагласи дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во делот на економските политики е драстична.

-Има драстична разлика во делот на економијата помеѓу нас и СДСМ и тоа го препознаваат граѓаните. Ако во нешто има ВМРО-ДПМНЕ не двојбено позитивно мислење тоа е во делот на економијата. Две светски кризи се надминаа во Македонија без воопшто да се почувствуваат, тоа беше светската криза во 2008 година, европската должничка криза за 2011 година. Сега гледам е три години пропаст во економијата. Се среќава со млади ми велат сите бенефиции кои што ги имавме ни се укинати. Се среќавам со пензионери и ми велат растеа пензиите на секои шест месеци, сега пензиите се замрзнати. Се гледам со работници ми велат ги губиме работните места или се замрзнати платите, инфраструктурни проекти во Македонија не се реализираат, Градско Прилеп почна да се гради остана каде што остана 2017 година, Штип Радовиш исто така, требаше да има железница според ветувањето на Заев од Штип до Струмица а Ж нема од железница. Па ме прашуваат луѓето и јас се прашувам 4 милијарди евра има македонскиот буџет па каде се парите. Како нема за никого а парите во буџетот се трошат. Одговорот е едноставно одат во криминал и корупција, вели Николоски.

Николоски истакна дека во четиригодишниот мандат предвидени се 4 милијарди евра за силен инвестициски циклус во инфраструктурата, како и објавување на 3 странски инвестиции во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние ветуваме еден силен инвестициски циклус во инфраструктурата вкупно 4 милијарди евра инвестиции во четири години. Во првите 100 дена од владата очекуваме потврда од две до три инвестиции знаете дека тоа се деловни одлуки на компаниите и секогаш компаниите први известуваат, тоа е пракса во деловниот свет. Така што ќе соопштат во првите 100 дена влада на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Николоски.

Коронавирус