четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 81
home Вести

Николоски: Во период на корона криза власта троши 20 милиони евра за вработувања и 22 милиони за ситни набавки

Николоски: Во период на корона криза власта троши 20 милиони евра за вработувања и 22 милиони за ситни набавки

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за буџетот за 2021 година и посочи дека во период на корона криза власта предвудува 20 милиони евра плус за вработување кои ќе бидат чисто партиски и 22 милиони евра за ситни набавки.

-Денес во Собранието почнува да се разгледува буџетот за 2021 година. Во услови на корона криза имаат предвидено 20 милиони евра плус за вработување во јавна администрација кои ќе бидат чисто партиски вработување. Не предвидуваат пари за амбулантни возила, за респиратори, не предвидуваат пари за нови ковид оддеелинија, но за нови вработувања предвидуваат 20 милиони евра, а на тоа уште 22 милиони евра предвидуваат за таканаречени ситни набавки и тоа е превод столици, тонери печатари и слично. И оттука се поставува прашањето што толку е потребно во текот на оваа година 22 милиони евра да се потрошат на ова, а да не се трошат на потребен медицински материјал за луѓето да не можат да се спасуваат од оваа болест која што го зафати целиот свет, вели Николоски.

Тој додава дека овие две ставки покажуваат како душмански се однесуваат и тоа оди од најниско до највисоко ниво, тој кој е на најниско ниво во хиерархијата на СДСМ гледа се вработи, а тој кој е највисоко да украде и и да продаде и е филозофија која функционира во СДСМ од оснвањето на партијата до денес, рече Николоски.

Најнови вести

Коронавирус