понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво

Николоски: Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот Фејсбук профил вечерва сподели статус поврзан со славењето на 30 години од постоењето на навивачите од Чаир.

-Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери!!! Името на навивачката група сугерира криминал. Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува!!! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен!. стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус