среда, 15. јули 2020. Вести денес: 47
home Вести

Николоски во еден момент повикува да се почитува карантинот, а за 15-тина минути се фотографира во Берово

Николоски во еден момент повикува да се почитува карантинот, а за 15-тина минути се фотографира во Берово

Откако во јавноста излезе веста дека генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николоски преку Фејсбук ги убедувал граѓаните да останат дома додека трае тридневниот карантин воведен токму од неговата партија која е и власт, а после 20-тина минути на социјалјалната мрежа на Инстаграм објави дека не само што не е во домашни услови, туку
ужива во беровскиот крај.

Меѓутоа, генсекот на СДСМ ја демантира ваквата вест и вели дека не прекршил никаков карантин, ниту пак некогаш ќе игнорирал поставениот ред.

-Благодарен сум и среќен што на истокот каде што е мојата изборна единица, мерките се помалку рестриктивни и нема целосна забрана на движењето, па имав шанса на кратко да отидам на чист воздух до Берово, во најубавата природа од овој дел од земјата, пишува Николовски и додава:

-Ви го пишувам ова од мојот роден град, Крива Паланка. Не сум прекршил никаков карантин, ниту некогаш ќе го игнорирам поставениот ред. Има други неодговорни политичари и поединци кои го прават тоа, и со лажни вести истото нема да им се покрие, вели тој.

Инаку, Николоски преку видео на својот Фејсбик профил вчера ги убедуваше граѓаните да останат дома додека трае нелогичниот карантин воведен од неговата власт.

Откако речиси 15-тина минути тој го „читаше“ тоа што го зборуваше пред граѓаните, на друга социјална мрежа објави како ужива далеку од својот дом наместо да седи во изолација како што им апелираше на сите граѓани.

Тој на својот Инстаграм профил сподели дека е во Берово.

„Совет од другарка ми- оди напред, полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Она што кај јавноста особен впечаток остави фактот е што во едно свое обраќање Николовски повикува да останеме дома, за после тоа на друга социјална мрежа да се фотографира во беровско и на крај да порача дека се тоа биле лажни вести.

Но според неговите вакви објави и тврдење, пошироката јавност се прашува како е можно генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николоски преку Фејсбук во еден момент на народот им се обраќа да останат дома, а после тоа за 15-тина минути на Инстаграм да објави дека се наоѓа во беровско и за на крај да пише дека е во родната Крива Паланка.

Имено доколку се земе во предвид дека пат во еден правец од Крива Паланка до Берово таре речиси два и пол часа, во двата правци околу пет часа, а полицискиот час во останатите делови на Македонија почнува од 16.00 часот. На крај испаѓа дека Николовски за беровско заминал само да се фотографира и да се врати назад во родниот крај.