недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ знае какви кандидати за пратеници сигурно нема да предложи

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ знае какви кандидати за пратеници сигурно нема да предложи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во вестите на Сител телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ позитивно ќе изненади со листите за пратеници, со што ќе им се даде на граѓаните одличен избор да можат да ја подржат партијата.

Николоски посочи дека сеуште има време за размислување, но веќе имаат одлуки за тоа какви профили нема да се најдат на пратеничките листи. Нема да се најдат профили коишто договараат тендери
за радар или за хеликоптери, или коишто договараат тендери за стерилизација и клинички центри, нема да се најдат луѓе коишто вршат рекети или коишто се дел од рекетот.

-Ќе имаме чесни и одговорни луѓе, правиме истражувања низ цела Македонија каде што ќе има пратеници, има многу нови лица, секако дека ќе има и искусни лица, но најбитно и основно е дека ќе бидат чесни и некорумпирани лица, целосна спротивност на ова што е денеска Зоран Заев и неговата екипа, а тоа е Македонија потоната во корупција, вели тој.