четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 171
home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото, доживува своја катарза и продолжува напред силно, реформирано и единствено во идејата за Македонија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото, доживува своја катарза и продолжува напред силно, реформирано и единствено во идејата за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа историска седница на Централниот Комитет на партијата. ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам изграден во рамки на партијата кој што секогаш успева да ја прочисти партијата. Да го исчисти она што е лошо од партијата и јасно да го избистри доброто. Повторно да се врати на идеалите и корените на ВМРО, и да се погледне во очи со својот народ, со македонскиот народ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Вечерва имавме една седница на една длабока анализа на внатрешно разјаснување и прочистување и верувајте од денес ништо повеќе нема да е исто, односно ВМРО-ДПМНЕ завршува со хипотеките од минатото, доживува своја катарза и продолжува напред силно, реформирано и единствено во идејата за Македонија. Би сакал да информирам за одлуките од вечерашната седница на Централниот Комитет на партијата, рече Николоски и додаде:

„На иницијатива на Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, Централниот Комитет разгледа предлог кој што тој го даде за одржување на  вондреден конгрес со цел разгледување на потребата од гласање на доверба на Претседателот на партијата. Централниот Комитет после дискусија на која што за да не влијае врз останатите членови не присуствуваше Претседателот на партијата, едногласно одлучи да го одбие овој предлог и смета дека партијата нема потреба да одржи вондреден конгрес и дека Претседателот ја има целокупната поддршка за водење на партијата. Второ, заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ но и на Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со цел да гласаат за уставните измени, а користејќи најниски методи Централниот Комитет го разреши Потпретседателот на партијата, Митко Јанчев, согласно Статутот на партијата тоа го направи со тајно гласање, на кое што сите членови на Централниот Комитет гласаа тајно и резултатот беше едногласно сите одлучија дека истиот треба да е разрешен“.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека е разрешен и членот на Извршниот Комитет, Констадин Богданов.

-Централниот Комитет заради истите причини побара од матичните општински комитети да поведе дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров. Понатака, Централниот Комитет побара 8-те пратеници кои што мандатот го добија затоа што беа на листата на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а го изневерија народот како и Програмата заради која што се избрани веднаш да поднесат оставка на своите позиции, затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните, подвлече Николоски и додаде:

„Централниот Комитет го повикува Јавното Обвинителство по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници.И на крај, сакаме да ја честитаме новата криминална коалиција во Република Македонија, Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков. За среќа ВМРО има механизам да се прочисти, да се исчисти и јасно да чекори напред. Од денес ВМРО-ДПМНЕ чекори напред, свесна за предизвиците кои што доаѓаат“.

Коронавирус