четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 70
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, народот не ја сака власта и ќе ги казни

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, народот не ја сака власта и ќе ги казни

ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, народот не ја сака власта и ќе ги казни на избори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител кој потенцираше дека според теренските анкети ВМРО-ДПМНЕ си 21,7% води пред СДСМ која има 14%.

Николоски коментирајќи ја анкетата на ИРИ која се појави скоро во јавноста вели дека има недоследности како што е многу чудно што анкетата е правена во месец март, а е објавена во јуни.

– Маргината за грепка за локални е 6%, а стандардна маргина на грешка е под 3%. И последното најважно е нереално прашање дали би гласале за Шилегов од СДСМ или кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ кој во моментов не е објавен. Така граѓаните не можат да одлучат бидејќи не е исто кој ќе биде кандидат, затоа луѓето одлучуваат и за личности, рече Николоски.

Тој додаде дека во однос на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ се подготвува и води интензивни разговори со постојните коалициони партнери.

– Имавме со посредство на фондацијата „Конрад Аденауер“ интензивен дијалог со политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, сметам дека тоа е еден конструктивен дијалог кој треба да
го продолжиме следниот период, нагласи Николоски.

Коронавирус