понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати рамниот данок, ќе воведе намалувања за младите и целосно кратење скриените даноци

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати рамниот данок, ќе воведе намалувања за младите и целосно кратење скриените даноци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт повторно ќе го врати рамниот данок, односно ќе го укине зголемувањето на данокот кое сега го воведува власта на СДСМ со прогресивниот данок.

– Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе ги врати даноците по старо, а за млади, инженери, информатичка технологија, и сите оние кои што правата додадена вредност или извоз ќе оди и под 10%. Второ целосно кратење на т.н. скриени даноци од типот на фирмарини и така натака кои што се плаќаат во моментов со цел да го ослободиме бизнисот и повеќе пари да остануваат во бизнисот, потенцираше Николоски.

Тој посочи дека власта прави маркетиншки трик велејќи дека воведува правично одданочување, но всушност со тој трик се зголемуваат и 5 други даноци, а не се намалува ниту еден.

Како што вели Николоски меѓу покачувањата се наоѓаат и зголемување на данокот на кириите, се погодува IT индустријата бидејќи поголем дел од младите таму насочуваат и за прв пат се воведува данок на заштеди.

– Во IT индустријата каде што поголем дел од младите се ориентираат и се отвораат повеќе места и на факултети има поголеми приходи кои сега ќе бидат одданочени со 18% и затоа младите одат во Косово и Бугарија да отвораат сметки за да не бидат одданочени. За прв пат се воведува данок на заштеди, оти не секој богат има заштеда туку и помалку имотни што собрале некој денар или продале дел од имот или некое наследство и ќе ги стават парите во банка да зачуваат за децата, нагласи Николоски.

Коронавирус