понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има за цел да изгради модерна, дигитална Македонија во тек со најновата технологијата

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има за цел да изгради модерна, дигитална Македонија во тек со најновата технологијата

Ја имав честа да ја отворам Политичката академија во организација на фондацијата Конрад Аденауер и институтот МК91 во соработка со Унијата на млади сили и ВМРО-ДПМНЕ. Политичка академија која се организира за потребите на УМС и младите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Темата е дигитализацијата и социјални медиуми, тема интересна за младите, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук.

-ВМРО-ДПМНЕ има за цел да изгради модерна, дигитална Македонија во тек со најновата технологијата. Заедно со младите и нивната поддршка ќе победиме на следните парламентарни избори. Целта на оваа политичка академија е да се зајакнат капацитетите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ и заедно со нови знаења да ја обновиме Македонија, додаде Николоски.