четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Власта сака нафтата да поскапи за неколку олигарси на грбот на народот да си ги одржуваат мерцедесите, вилите на Халкидики и јахтите во Хрватска и Грција

Николоски: Власта сака нафтата да поскапи за неколку олигарси на грбот на народот да си ги одржуваат мерцедесите, вилите на Халкидики и јахтите во Хрватска и Грција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека власта бара покачување на акцизата на нафта се со цел одредени олигарси во Република Македонија да можат на грбот на народот да ги одржуваат скапо купените коли, јахти и вили на Халкидики.

Како што рече тој барањето за покачување на акцизата на нафтата треба да се отфрли бидејќи е недозволиво во економска криза да се профитира на грбот на граѓаните.

Барањето за покачување на акцизата треба да се отфрли. За жал олигарсите во Македонија кои што во една друга криза во 90тите години кога се распаѓаше Југославија и кога имаше војни на територија на Поранешна Југославија успеа буквално за без пари да ги земат македонските фирми и да станат газди на истите, за подоцна со овие чекори да станат олигарси и тие се тие кои што сега повторно сакаат да профитираат. За жал имаат еден брак од интерес со СДСМ кој што трае уште тој период на 90тите години, а тој брак од интерес постои и денес и се обидуваат во време на криза дополнително се збогатат.

Оваа мерка се однесува само на неколку олигарси во Македонија за кој јас сум свесен дека имаат големи трошоци, на пример имаат по неколку мерцедиси кои што треба годишно да ги одржуваат, имаат по неколку вили и во Македонија и на Халкидики кои што треба да ги одржуваат, дел од нив имаат и јахти паркирани на хрватското или грчкото приморје кои што треба да ги одржуваат. Но, тоа не смее да се прави на грбот на граѓаните. Ова е недозволиво, богатење на олигархијата во време на криза е ништо друго освен профитерство на мака на народот и затоа се прави оваа мерка со акциза на нафтата, вели потпретседателот Николоски, во телефонски разговор за дневникот на Канал 5.

Коронавирус